Св. Јосиф Солунски, преп. Ксенофон и Марија со чедата

Св. Јосиф Солунски, преп. Ксенофон и Марија со чедата

Денес, на 08.02.2026 год., во Неделата на блудниот син, ги славиме Св. Јосиф Солунски, преп. Ксенофон и Марија со чедата.
По тој повод во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица” во Македонска Каменица, се служеше Божествена Литургија, со која началствуваше Митрополитот Видински г. Пахомиј од (БПЦ) во сослужение на Епископот Делчевско-каменички г. Марко. 
На Литургијата сослужуваа и архимандритите: Протосингелот Јоаким од Видинската епархија, архиерејскиот  намесник Доситеј од Берковска духовна академија, бројно свештенство од Делчевско-каменичка епархија и протојереј Зоран Брндески од Келн, Германија.
По читањето на Евангелие, Митрополитот г. Пахомија произнесе пригодна архипастирска беседа, во која ја протолкува евангелската перикопа за блудниот син, во која помеѓу другото истакна  дека гордоста е главната причина за сите духовни падови, затоа во овој подготвителен период треба, секој од нас да се преиспита и да се преуми, бидејќи без смирение и покајание, постот и молитвата би биле залудни. 
За време на Литургијата верниот народ ги прими Божествени Дарови. 
На крајот епископот г. Марко со избрани зборови, се заблагодари на Митрополитот Пахомиј за покажаната жртва и во знак на благодарност му подари панагии, а Митрополитот возврати за искажаната братска љубов подари му икона со ликот на Свети Јован Рилски.

МПЦ-ОА Делчевско-Каменичка Епархија