На 21-ви февруари, 2026 година, во Митрополијата Црногорско-приморска, на Српската Православна Црква беше одбележан празникот на Светиот Симеон Мироточив. По тој повод, на покана на Архиепископот Цетински и Митрополит Црногорско приморски г. Јоаникиј, учество во повеќеархијерејското литургиско сослужување и прославата, зеде и Епископот Делчевско-каменички г. Марко.
На Литургијата на која началствуваше Митрополитот домаќин, г. Јоаникиј, сослужуваа уште и Митополитите од СПЦ: Милешевски г. Атанасиј; Захумско-херцеговачки и стонско-приморски г. Димитриј; Будимљанско-никшички г. Методиј; викарниот Епископ диокијски г. Пајсиј, како и голем број свештенослужители, од повеќе епасрхии на СПЦ и Македонската Православна Црква-Охридска Архиепископија.
После прочитаното Евангелие, на многубројниот верен народ, со пригодна беседа им се обрати Епископот Делчевско-каменички г. Марко. Зборувајќи за Светиот Симеон Мироточив, Епископот г. Марко рече: „Можеби не е единствениот владетел којшто ја предал власта на своите наследници, пред да му заврши животот на земјата, но е еденинствен или еден од ретките владетели на кои повеќе им омилела скромната монашка ќелија од царската палата, та затоа и се замонашил и се смирил до таа мера, та на своето чедо по тело да му стане духовно чедо”.
На крајот од Литургијата, Митрополитот г. Јоаникиј им се обрати на присутните со поздравно слово, нагласувајќи го и смирението на Светиот Симеон Мироточив и неговиот живот во покајание, имајќи пред вид дека како средновековен владетел, војуваќи, не можел а да не се огреши, но и дека се каел, па така покајанието претежнало во однос на гревовите и тој се нашол во вечната прегратка Божја.
По Литургијата се направи литија низ градот Подгорица, до местото викано „Стари Град”, кадешто се наоѓала куќата во која се родил Светиот Симеон. Тука се благослови коливото и славскиот колач, а потоа за званичните гости беше приредена трпеза.


