За нас

За нашата Епархија

СВЕШТЕНСТВО ВО ДЕЛЧЕВСКО - КАМЕНИЧКА ЕПАРХИЈА
    
    Епархиска администрација;
    
    Прото Јереј Милан Ничевски, в. д.  секретар на Делчевско-каменичка Епархија.
    Роден на 04. 07. 1980 година во Битола.              Основно образование завршил во Крушево, а потоа се запишал во средното Богословско училиште ,,Свети Климент Охридски“ во Драчево, кое го завршил со одличен успех. По завршувањето на средното Богословско училиште во 2000 година, се запишува на Богословскиот Факултет ,,Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде успешно ги завршува студиите во 2005 год. 
Во 2007 год. на празникот посветен на ,,Свети Вмч. Георгиј“ е ракоположен во ѓаконски чин, а по еден месец на празникот Цветници во свештенички чин, од страна на Митрополитот Преспанско - пелагониски г. Петар. 
Од 15-ти мај, 2007 година е поставен за парохиски свештеник на 8-та парохија при храмот ,,Свето Благовештение“ во Прилеп, до 01. 01. 2014 год. кога по потреба на служба е преместен во храмот ,,Успение на Пресвета Богородица“ во Крушево. Во 2023 год. по формирањето на Делчевско-каменичка епархија и востоличувањето на новиот епархиски архиереј г. Марко, побарал каноски прием, а по приемот во епархијата и назначен за секретар. 
    Живее на ул. ,,Илинденска“ бр. 34 Виница;
    Моб. тел: 071 / 323 - 173;    
    
    Јеромонах Висарион (Давчев), в. д. благајник на Делчевско-каменичка Епархија.
    Роден на 19. 06. 1982 година во Трубарево, Скопје. Од родители Јове и Виолета Давчеви. Основно образование завршува во родниот крај, а потоа се  запишува во средното Богословско училиште ,,Свети Климент Охридски“ во Драчево, кое го завршува во 2001 год. Потоа, започнува искушенички живот во манастирот ,,Успение на Пресвета Богородица“ во с.Трескавец, Прилеп, кој припаѓа на Преспанско-пелагониската епархија. Во 2004 година заедно со браќата монаси имаат намера, да се присоединат во канонско единство со Српската Православна Црква, а преку неа и со целата православна екумена. Поради превземање на овој чекор, а заради несогласувањето со Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија (која тогаш сеуште пребива во раскол), со помош на државните органи ги прогонува сите монаси од манастирот и тие се принудени да живеат во приватни куќи. 
    Во расофорен монах е произведен од тогашниот игумен Давид (Нинов), а сегашен викарен епископ Дремвитски.
    За ипоѓакон е произведен во 2008 год. од Митрополитот Црногорско-приморски г. Амфилохиј, а на истата Богослужба е ракоположен за јероѓакон од тогашниот Архиепископ Охридски и Митрополит Скопски г. Јован, (денешен Митрополит Крушевско-демирхисарски) во манастирот ,,Воведение на Пресвета Богородица“ во Калиниќ, Шумадиска епархија. 
    Во 2008 год. се запишува на студии на Православниот Богословски Факултет ,,Свети Василије Острошки“ во Фоча, Република Српска. 
    Како јероѓакон сослужува во манастирот во с. Старо Лагово и во манастирот посветен на ,,Свети Јован Златоуст“ во с. Нижеполе, Битола, кај (тогашниот) Архиепископ Охридски и Митрополит Скопски г. Јован.
    Во 2015 год. Архиепископ Охридски и Митрополит Скопски г. Јован. го ракопроизведува за архиѓакон и го назначува да служи во (тогашната) Православна Охридска Архиепископија или скратено ПОА, се до 2023 год. 
    Кога Македонската Православна Црква добива ,,Томос“(официјален документ за присоединување во канонско единство со Српската Православна Црква), а преку тоа се соединува и со целата православна екумена, дотогашната ПОА, во која припаѓаше и архиѓаконот Висарион се соедини со МПЦ - ОА. 
    Во 2023 год. јеромонах Висарион (Давчев) бара канонски прием кај епископот Делчевско-каменички г. Марко. По канонскиот прием издаден од епископот г. Марко, на денот кога Светата Православна Црква го празнува споменот на ,,Собор на Свети Архангел Михаил и останатите Небесни Сили Бесплотни“, на вечерната богослужба, викарниот епископ Дремвитски г. Давид му доделува голема схима, а на Литургијата епископот Делчевско-каменички г. Марко го ракополага во чин јеромонах. 
    Од почетокот на 2024 год. јеромонах Висарион (Давчев)  живее и служи на Бога во манастирот ,,Свети Илија“ во с. Ѕвегот, Делчево.     
    Живее во с. Ѕвегор, Делчево.
    Моб. тел: 078 / 415 - 222;  
 
    Mонахиња Ирина (Теофиловска), библиотекар и архивар на Делчевско-каменичка Епархија.
    Родена на 08. 08. 1989 година во Битола. Основно и средно економско училиште завршува во Битола, а потоа се  запишува на Педагошкиот Факултет на Универзитетот ,,Свети Климент Охридски“ во Битола, насока одделенски наставник. Љубовта кон монашкиот живот и желбата да биде од помош на Црквата, која во тоа време се наоѓаше во тешка состојба на прогон, ја однесе во манастирот посветен на ,,Свети Јован Златоуст“ во Нижеполе, Битола. После неколку години поминати во манастирот во Нижеполе, по послушание од нејзиниот духовник, епископот г. Марко, оди во Штип каде, на празникот посветен на ,,Собор на Свети Архангел Михаил и останатите Небесни Сили Бесплотни“, во 2016 год. е замонашена во голема схима, во манастирот посветен на ,,Свети Николај Мирликијски“. Додека е на послушание во Брегалничката епископија на тогашната Православната Охридска Архиепископија во 2022 година, преминува во новоформираната Делчевско-каменичка епархија, каде е поставена на службата која во моментот ја извршува.  

Моб. тел: 075 / 579 - 118 ; 

Делчевско-каменичка епархија

Делчевско-каменичката епархија — една од 15-те епархии на Македонската православна црква. Формирана е со одлука на синодот во 2023 година и за нејзино седиште е избран градот Делчево, како дел од процесот за интеграција на Православната Охридска Архиепископија. За архијереј е избран епископот Марко Делчевско-каменички, поранешен епископ на ПОА. Ова архијерејско намесништво ги опфаќа градовите Делчево и Македонска Каменица, заедно со селата во Пијанец.

До 2023 година епархијата била дел од Брегалничката епархија како архијерејско намесништво.

Image
МПЦ-ОА Делчевско-Каменичка Епархија