Светите Три Јерарси, Неговото Преосвештенство викарниот Епископ дремвитски г. Давид

Светите Три Јерарси, Неговото Преосвештенство викарниот Епископ дремвитски г. Давид

На 12 февруари, на празникот на Светите Три Јерарси, Неговото Преосвештенство викарниот Епископ дремвитски г. Давид началствуваше на Светата Архиерејска Литургија во храмот „Св. Наум Охридски“ во Делчево, на покана и во сослужение на надлежниот архиереј, Неговото Преосвештенство Епископот делчевско-каменички г. Марко. На Литургијата сослужуваа и повеќе свештенослужители.
После прочитаното евангелско зачало беседеше Епископот г. Давид.
На крајот од Литургијата пригодни обраќања со изрази на благодарност упатија Епископот г. Марко и Епископот г. Давид.

 

МПЦ-ОА Делчевско-Каменичка Епархија